5 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕЦБ има простор за дополнително намалување на каматната стапка

ЕЦБ има простор за дополнително намалување на каматната стапка

ecb.

Европската централна банка има простор за дополнително намалување на каматните стапки, со оглед на тоа што инфлацијата е под целното ниво, а економијата на еврозоната е ранлива, изјави Питер Прает, член на Извршниот одбор на ЕЦБ.

На состанокот во мај, лидерите на ЕЦБ одлучија да ја намалат клучната каматна стапка на рекордно ниско ниво од 0,5 проценти, со цел да се поттикне кредитирањето и економскиот раст. Тие тогаш порачаа и дека ќе воведат дополнителни мерки доколку тоа биде потребно, но на состанокот во јуни, тие не објавија ништо ново иако економијата на еврозоната сеуште е во рецесија, а невработеноста продолжува да расте.

„Има простор за делување со стандардни мерки. Дискусијата за таквите мерки е многу богата и интересна“, изјави Прает во вторникот на предавањето во Франкфурт.

Тој простор, додаде тој, на централната банка и отвара ниска инфлација. Стапката на инфлација во еврозоната во моментов изнесува 1,4 проценти, таа сеуште е далеку под целното ниво на ЕЦБ од околу 2 проценти.

Прает изјави дека инфлацијата е слаба, додека економијата во еврозоната сеуште е во осетлива ситуација, при што, расте ризикот за нејзин поголем пад.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП