„Cloud Gaming“ се повеќе добива на популарност, па поради тоа компанијата „LG“ одлучи да се приклучи на трендот и поради тоа пушти во продажба телевизори со кои се овозможува „играње игри во облакот“.

И кога ќе се каже „игри“ овде се мисли на сериозни наслови кои можат да се споредат со оние на компјутерите и конзолите. Целиот софтвер е инсталиран на серверите „Ubitus“ на кои може да се пристапи преку „GameNow“ кој моментално е бесплатен, но од средината на јуни ќе се наплатува.
Единствено што сопствениците на „LG Smart TV“ треба да го сторат е да купат „gamepad“.
Листата на поддржувачките играчки контролери ги вклучува „Joytron Rumble Power“ и „Rumble Power2“, како и „Logitech F310“, „F510“, „F710“ и „Rumble-Pad2“. Телевизорите на „LG“ кои се дел од овој „cloud gaming“ програм се моделите „LA7900“, „LA8600“ и „LA9600“. За пристап до содржините потребна е конекција барем од 3Mbps. Игрите кои моментално може да се играат се „Test Driver Unlimited 2“, „Blade Kitten“, „Fighter X Tekken“, „Resident Evil“ и „Devil May Cry“.