7 јули, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАМТСП: Почнаа обуките за управување со случаи во системот на социјалната заштита

МТСП: Почнаа обуките за управување со случаи во системот на социјалната заштита

Министерството за труд и социјална политика и Агенцијата за вработување, во партнерство со Уницеф и УНДП, започнаа со интензивни обуки за интегрирано управување со случаеви.

Од МТСП велат дека ова е една од клучните алки во реформата на социјалната заштита, со што се воспоставува систем на социјални услуги во заедницата кои нудат услуги и поддршка по мерка на поединецот.

Ова значи дека едно стручно лице ќе управува со случајот и ќе има обврска да го следи семејството. На овој начин, социјалниот работник многу подобро ќе ги знае состојбите во семејството, ќе го следи нивниот напредок, но и проблемите во секојдневнието. Од Министерството за труд и социјална политика сметаат дека тоа дирекно ќе влијае на превенцијата од многу потенцијални ризици, но и ќе придонесе кон побрзо извлекување на семејствата од ризик со нивна активација на пазарот на труд.

Во наредните месеци сите стручни работници од центрите за социјална работа и 30 отсто од вработените во агенцијата за вработување ќе поминат обуки за интегрирано управување со случаеви, како дел од подготовките за имплементација на новиот Закон за социјална заштита.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП

NEWSLETTER

Добивајте вести на e-mail

Бидете во тек со најновите вести од Денар