26 април, 2024
ПочетнаКАРИЕРАКога преговарате за плата ова се најголемите грешки!

Кога преговарате за плата ова се најголемите грешки!

При разговор со потенцијалниот работодавач и преговорите околу различните услови, често се запоставуваат преговорите околу висината на платата. Доколку работодавачот сака токму вие да бидете дел од неговата компанија, а и вие сте исклучително мотивирани да работите таму, преговорите околу платата можат да бидат ‘вин-вин’ ситуација за двете страни.

Ова се четирите најчести грешки кои требаат да се избегнат при преговорите околу висината на платата:

1. Мала листа на барања

Не е секогаш работата во парите. Потребно е да се дефинираат и деновите кои ви влегуваат во годишниот одмор, дали компанијата им плаќа на вработените медицински прегледи, бонуси на платата или има ли услови за евентуално унапредување.

2. Силата на волјата

Обидете се да дoговорите состанок во попладневните часови, односно, после работното време бидејќи тогаш човечката волја е веќе на резерва и личноста е подложна на уверувања. Со други зборови, полесно ќе ја насочите водата на својата воденица.

3. Се правите паметни

Личноста која доаѓа на разговор за работа со ставот дека е најпаметна и поупатена во работата дури и од својот соговорник, кој пак, ја знае компанијата како дише, по правило нема да помине добро.

4. Не кажувајте ДА пребрзо

Ако тоа некако е можно, подобро речете: Ќе размислам, отколку веднаш да кажете ДА. Проценете ја ситуацијата и доколку е поволна за вас, тие зборови можат да ве стават вас во подобра преговарачка позиција.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП