2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПоништена постапката за финансиска помош за авиопревозници

Поништена постапката за финансиска помош за авиопревозници

Министерството за транспорт и врски соопшти дека ја поништило постапката за доделување финансиска поддршка на авиопревозници, по предлог на Комисијата за спроведување на постапката, oткако била доставена само една понуда со некомплетна документација.

„На јавното отворање што се оддржи на 27. 07. 2018 година во Министерстото за транспорт и врски беше доставена само една понуда. На јавното отворање Комисијата констатирала дека доставеното барање за доделување финансиска поддршка не е доставено согласно со точка 2. 1 од Документацијата за барање, односно на трите запечатени внатрешни пликоа не е наведен полниот назив и адреса на авиопревозникот, што е еден од условите пропишани во документацијата за барање“, соопшти Министерството и додаде дека врз основа на ова Комисијата констатирала дека не постојат услови за понатамошна евалуација на пристигнатото барање за финансиска поддршка.

Од Министерството за транспорт и врски велат дека во најкраток рок повторно ќе го објават јавниот повик за доделување финансиска поддршка на авиопревозници со цел да се овозможи развој на авиосообраќајот во Македонија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП