28 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕлектронската трговија ги „турка“ цените на светските логистички центри

Електронската трговија ги „турка“ цените на светските логистички центри

Ванкувер е најголемиот пазар за индустриски и логистички површини во светот, следен од Пекинг, покажува извештајот на консултантската компанија „CBRE“. Двата града раководат со нарачките поради недостатокот на слободен простор и зголемувањето на изнајмувањата. Околу една третина од бизнисот се должи на е-трговијата, забележува консултантската фирма.

Просечното ниво на кириите на логистичките и индустриските површини во Ванкувер се зголемило со 29,1% во првиот квартал во позадина од едвај 1,6% достапни површини класа „А“. Во Пекинг растот достигна 19,8%. Во првите десет на пазари во светот спаѓаат уште Оукланд (со раст на кириите од 14%), Сиетл (13,4%), Будимпешта (11,1%), Лондон (10%), Њу Џерси (9,5%), Париз (8,3%) и Манчестер и Ливерпул (8%).

Во глобален план кириите на првокласни логистички површини се зголемија за 3,2% во првиот квартал од годината во однос на истиот период од минатата година, забележува „CBRE“, која е проследи 71 градови.

„Ова е позитивен индикатор дека продолжуваме да гледаме глобален раст по шест години откако американскиот пазар на индустриски и логистички имоти започна да се опоравува од рецесијата“, вели Дејвид Иген, глобален шеф на одделот „Индустриски и логистички истражувања“ во „CBRE“. „Тоа го потврдува теоријата дека побарувачката на логистички површини, стимулирана од електронската трговија, создаде фундаментална промена на овој пазар, така што воспостави нови основи за вработувања, имоти и други мерки“, додава тој.

Во регионален план земјите од Европа, Блискиот Исток и Африка (ЕМЕА) истакнале раст од 4,3% на кириите на логистичките површини, така што се пред Северна и Јужна Америка и Азија, кои имаат постигнато зголемување од соодветно 3,8% и 2,2% на годишна основа. Зголемувањето на изнајмувањата во земјите на „ЕМЕА“ главно се должи на подобрувањето на економиите во регионот и на зголемената потрошувачка.

Шест од десетте најскапи пазари на првокласни логистички површини во светот се наоѓаат во Азија, на чело со Хонг Конг, каде просекот на кириите достигнува 333 долари за м2 годишно. Лондон, Стокхолм и Минхен, исто така наоѓаат место во првите десет, а единствениот американски пазар во рангирањето е Оукланд, каде кириите достигнуваат 107 долари за м2 годишно.

„Изнајмување расте поради нерамномерноста меѓу понудата и побарувачката, која произлезе од трговијата и вкупниот економски раст“, вели Дејвид Иген. „Постои голема изградба, но тоа не е доволно за да се задоволи побарувачката, па доаѓа до покачување на цената“, додава тој.

Иако нормален економски циклус може да го забави темпото на раст на кириите на индустриските и логистичките центри, Иген не предвидува пад како овој во 2009-2011-та година по последната рецесија.

„Ќе мора да биде нешто навистина големо за да ги преврти нештата и кириите да се намалат“, рече тој.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП