
Податоците на Централната банка на Русија покажуваат дека златото кое го имаат во оваа земја се приближува до бројката од 2.000 тони.


Податоците на Централната банка на Русија покажуваат дека златото кое го имаат во оваа земја се приближува до бројката од 2.000 тони.
Тоа е раст од 17 отсто од вкупните резерви на Русија.
„Тоа што одлучила да купи американски обврзници е паметен потег“, вели аналитичарот на пазарот за благородни метали Дмитриј Спек.
„Исто така, тоа е еден вид политичка декларација, затоа што земјата има премногу долари кои може да станат предмет на политичка уцена“, вели овој експерт од Минхен.
„Русија е во ситуација кога се соочува со политички санкции од САД, и поради тоа има добра причина да игра на сигурно и да се клади на злато“, додава тој.
Според Спек, постои голема разлика помеѓу Русија и Кина кога станува збор за диверзификација на нивните резерви во злато и долари.
„Во Кина злато купуваат пред се приватниците и компаниите. Централната банка исто така купува злато, но уделот во однос на вкупните резерви во Кина е многу мал. Од друга страна, приватните купувачи купуваат големи количини на злато“, вели Спек.
Наспроти тоа, главниот купувач на злато во Русија е нејзиниот главен финансиски регулатор.