7 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСончево и топло време на почетокот од неделата

Сончево и топло време на почетокот од неделата

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност и со слаб ветер, претежно од северен правец, информираат од управата за хидрометеоролошки работи.

Оттаму додаваат дека максималната дневна температура ќе се движи меѓу 25 и 36 степени Целзиусови. УВ индексот ќе изнесува 8.

Во Скопје слично време. Утринската ќе изнесува 17, а максималната дневна 34 степени Целзиусови.

Во наредните денови ќе се задржи слично време со висок индекс на УВ зрачење. Минималната температура во вторник ќе биде во интервалот од 12 до 20 степени, а максималната од 30 до 37 степени. Во среда утринската температура ќе се движи меѓу 13 и 21 степени, а максималната од 31 до 38 степени.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП