Лондон е градот со најдобра инфраструктура за електрични возила, покажува анализата на 89 градови, подготвена од „Spotahome“.
Главниот град на Велика Британија доби највисока оценка од 10 поени, поради фактот дека се создадени најдобри услови за користење на електрични автомобили.
Второто и третото место во Топ 10 е окупирано од холандските градови Амстердам (9,63 поени) и Ротердам (8,73). Во десетка има место и за три германски градови – Берлин (4-то место, 8,24 поени), Хамбург (5-то, 7,2 поени) и Минхен (9-то, 3,51 поени).
Норвешкиот главен град Осло го зазема 6-тото место со 6,82 поени, иако земјата е лидер во светот по електрични возила по глава на жител. Другите градови, кои ја дополнуваат листата се: Њујорк (7-то место, 5,51 поени), Лисабон (8-мо 3,76 поени) и Барселона (10-то 3,33 поени).