18 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАТрговскиот дефицит на САД се зголеми во јуни до речиси 47 милијарди...

Трговскиот дефицит на САД се зголеми во јуни до речиси 47 милијарди долари

Трговскиот дефицит на САД се зголеми во јуни до 46,3 милијарди долари под притисок на новиот пад на извозот на автомобили и авиони и зголемување на увозот и покрај цврста намера на претседателот Доналд Трамп да постигне рамнотежа во трговската размена.

Дефицитот кај стоките и услугите се зголеми за 7,3 проценти до 46,3 милијарди долари – за прв пат толку многу по 19 месеци, при што извозот е намален за 0,7 проценти до 213,8 ​​милијарди долари, а увозот се зголемил за 0,6 отсто до 260,2 милијарди долари.

Податоците беа објавени од американското Министерство за трговија, во момент кога Кина објави нови закани за комерцијални контрамерки против одлуката на Вашингтон да ги зголеми царините за кинескиот увоз.

Аналитичарите очекуваа во јуни трговскиот дефицит на САД да достигне 45,6 милијарди долари по 18-месечниот минимум од 43,1 милијарди долари во мај.

Со акумулација од почетокот на годината трендот останува ист – дефицитот порасна за 7,2 отсто до 291,2 милијарди долари.

Во јуни извозот на граѓански авиони е намален за 200 милиони долари, на автомобили за 900 милиони, а увозот на фармацевтски и нафтени производи изнесува 1,5 и 1,2 милијарди долари.

Дефицитот со Европската унија е зголемен за 7,8 проценти.

Дефицитот во размената на стоки на САД со Кина е зголемен за 1,3 отсто до 32,45 милијарди долари, со Канада е зголемен за 22,4 отсто, а со Мексико со 14,25 отсто.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП