11 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАММФ може да се позајми и од Словачка

ММФ може да се позајми и од Словачка

mmf3

Словачка, доколку е потребно, би можела на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) да му обезбеди билатерален заем со максимална висина од 1,56 милијарди евра.

Станува збор за иницијатива за зајакнување на капацитеот на Фондот за 200 милијарди евра, на која се обврзаа земјите на Европската унија уште во 2011 година.

Тоа, како што пренесува агенцијата Франс Прес, произлегува од предлогот за договор за заем меѓу Словачка и ММФ, кој го подготви Министерството за финансии.

Во вкупната сума, членките на еврозоната ќе учествуваат со 150 милијарди евра. Висината на придонесот на Словачка е пресметана врз основа на уделот во членските квоти на ММФ.

Одделот за финансии соопшти дека Фондот  до почетокот на април оваа година склучил договори за билатерален заем со вкупна вредност од 138,86 милијарди евра, и тоа со Франција, Германија, Италија, Холандија, Шпанија, Белгија, Финска и Матла.

Од подготвениот договор со ММФ, Народната банка на Словачка може да има трошоци и приходи од каматата.

Министерството за финансии затоа предложува да се направи договор со централната банка за рефундирање на евентуалната негативна разлика.

За таа цел, во заедничките буџетски резерви ќе издвои 10,5 милиони евра и 17,5 милиони евра во наредните три години.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП