19 април, 2024
ПочетнаКАРИЕРАНеколку начини да го придобиете шефот на ваша страна

Неколку начини да го придобиете шефот на ваша страна

Односот со лицето кое на работа ви е директно надредено неретко е осетливо прашање. Сакате ли вашиот однос со шефот да биде поквалитетен, што значи и дека на работа ќе доаѓате помотивирани, тогаш држете се до следните правила…

Прифатете го фактот дека вашиот однос нема да биде секогаш ист

Не се врзувајте премногу за моменталниот однос кој го имате со шефот и не се окупирајте со тоа каков однос ќе имате за пет години. Природно е низ времето тој однос да варира и да биде помалку или повеќе интензивен.

Не чекајте да добиете пофалба

Чекањето некој да ве пофали често е знак за незрелост. Ако сте доволно самоуверени и свесни за своите способности пофалбите не ви се потребни.

Дојдете на работа пред шефот

Многу надредени велат дека се чувствуваат супер кога ќе дојдат на работа и ќе видат дека луѓето со кои раководат веќе пристигнале. Тоа им влева доверба и им дава до знаење дека сте одговорно лице на кое можат да се потпрат.

Бидете лојални на вашиот шеф и тој ќе ви биде лојален на вас

Потрудете се да не криете било што поврзано за работата од шефот. Дајте му до знаење дека сте на негова страна и дека може да ви верува.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП