6 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗAudi покажа нов електричен прототип

Audi покажа нов електричен прототип

„Audi“ ја објави првата фотографија од новиот концептен суперавтомобил „PB 18 e-tron“, која ќе дебитира на фестивалот „Pebble Beach Car“. Шоуто се одржува секоја година во август на крајбрежјето на Калифорнија и се смета за една од најзначајните средби на познавачите на автомобилите.

Името на прототипот е исто така референца за „Audi R18 e-tron“, победникот на 24 часа Ле Ман, но кратенката „PB“ се дешифрира како „Pebble Beach“. Автомобилот ќе го дебитира на 24-ти мај на патеката „Лагуна Сека“, а потоа ќе учествува во легендарната средба ентузијасти „The Quail“ на 25-ти август.

Неговото повторно деби ќе биде на „Лагуна Сека“ од 25-ти до 26-ти август. Конечната презентација на автомобилот ќе се одржи на 26-ти август во „Concours d’Elegance“ во „Pebble Beach“. Во прилог на новиот автомобил за време на шоуто „Audi“ ќе покаже класични и спортски автомобили.

Технологиите што се користат во автомобилот станаа извор на инспирација за различни нови решенија во дизајнот на новиот прототип. Стилот на „Audi PB 18 e-tron“ е развиен во новиот дизајн центар „Malibu Design Loft“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП