3 јули, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАШпанската невработеност падна на ниво од пред кризата

Шпанската невработеност падна на ниво од пред кризата

Официјалната статистика покажува дека новите летни работни договори го намали бројот на невработени во Шпанија до 3,13 милиони – најниското ниво од близу една деценија и со 2 милиони под максимумот достигнат во текот на финансиската криза, пренесоа светските медиуми.

Националниот институт за статистика денеска соопшти дека бројот на невработени намалил за 27.141 лица во јули во однос на јуни во летната сезона, кога обично се создаваат работни места поради милионите посетители.

Заводот за статистика забележува дека 19,4 милиони вработени придонесуваат во социјалниот осигурителен фонд на Шпанија.

Ова е највисоко ниво откако светската финансиска криза предизвика колапс во имотниот сектор во Шпанија и економијата падна во рецесија.

Шпанија имаше рекордни 5 милиони невработени во почетокот на 2013-та година. Критичарите велат дека создавањето на работни места, оттогаш е бавно и платите се ниски.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП