19 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКина го ограничува увозот на нафта од САД

Кина го ограничува увозот на нафта од САД

Кинеската „Unipec“, дел од холдингот „Sinopec“, го прекинува увозот на нафта од САД, соопшти „Ројтерс“, повикувајќи се на свои извори. Тие одбија да коментираат јавно, бидејќи немаат овластување да разговараат со медиумите.

„Unipec“ и „Sinopec“ се најголемиот купувач на нафта во Азија. Компаниите имаат рафинерии, рече „Ројтерс“. Претставниците одбиваат да коментираат за информациите на агенцијата во оваа фаза.

Причината за одбивање на увозот е продлабочувањето на трговскиот конфликт меѓу Пекинг и Вашингтон. Кина ги стави енергетските производи од САД, вклучително и нафтата и нафтените производи, во листата на стоки чии давачки ќе бидат 25%. Сепак, не е јасно кога мерката ќе стапи во сила.

Пред да се разгори трговската војна меѓу двете држави „Unipec“ соопшти дека очекува да го зголеми увозот на нафта од САД со 1/3 до 300.000 барели дневно.

Засега кинеската компанија планира да го запре увозот барем до октомври, но не е јасно дали мерката нема да се покаже долгорочна.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП