24 јуни, 2024
ПочетнаКОМПАНИИСопственикот на British Airways разочара со резултатитe

Сопственикот на British Airways разочара со резултатитe

Акциите на „IAG“ поевтинија, откако сопственикот на „British Airways“ не успеа да ги исполни очекувањата на пазарите за тримесечниот профит и соопшти за помалку од прогнозите за претставувањето на трансатланската единица во споредба со конкурентите, пренесува „Ројтерс“.

Иако „IAG“ задржи насоките за раст на профитот за целата 2018-та година, нејзините акции поевтинија за 3,9% на 657 пени – најголем пад во рамките на британскиот индекс „FTSE“.

Сопственикот на „Iberia“, „Vueling“, „Aer Lingus“ и „Level“ забележа оперативен профит за вториот квартал од 835 милиони евра, што е за 6% повеќе во однос на истиот период од минатата година, но малку под консензус оценка на аналитичарите за 848 милиони евра.

Резултатите се должат на негативните валутни движења и ударот од 20 милиони евра во „Vueling“ поради прекини со работата поради штрајковите на воздушната контрола во Франција, изјави „IAG“.

Иако „IAG“ ги задржа изгледите, претходно оваа недела големи европски конкуренти „Air France-KLM“ и „Lufthansa“ ги зголемија своите приходи за 2018-та година поради се поголемата трговија во Северна Америка.

„IAG“, исто така, ја одржуваше својата годишна прогноза за пораст на приходите од патници со постојаните девизни курсеви Иако овие приходи се зголемени за 2,3% во кварталот како целина, уделот кон Северна Америка се намалил за 0,9%.

„Изненадувачка компонента е дека Северна Америка изгледа послаба, отколку што пазарот најверојатно очекувал“, коментира аналитичарот на „Goodbody“, Марк Симпсон.

„Сите коментари од конкурентите се за позитивни цени во Северна Америка“, додава тој.

Главниот извршен директор на „IAG“, Вили Волш, сепак, рече дека е задоволен од претставувањето и ги утврди трансатлантските резултати како „многу добри“.

„Фактот дека забележаа подобрување на профитабилноста во првото полугодие и дека тврдиме дека ќе ја подобриме преку целата година не разликува од многу други авиокомпании“, рече тој.

„IAG“ продолжува да додава нови авиолинии кон своето портфолио, а Волш изјави за „ВВС“ дека „IAG“ го задржува интересот кон „Norwegian“ – нискотарифниот превозник кој го презеде претходно во оваа година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП