9 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГрција добива нова финансиска помош од ЕК

Грција добива нова финансиска помош од ЕК

Европската комисија ѝ обезбеди на Грција итна помош во висина од 37,5 милиони евра за решавање на проблемите со миграцијата. Ваквата одлука ја објави портпаролот на ЕК, Мина Андреева, на брифинг за медиумите во Брисел.

“Европската комисија додели дополнителна помош од 37,5 милиони евра од Европскиот фонд за миграции и бегалци„, рече Андреева.

Парите ќе бидат потрошени за прехранбени производи и лекови за мигранти, како и подобрување на условите за прием и контрола на мигрантите.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП