26 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПоради топлината: Германија ја намалува моќта на нуклеарните централи

Поради топлината: Германија ја намалува моќта на нуклеарните централи

Тековниот топлински бран во Западна Европа веќе влијае врз германското снабдување со електрична енергија. Во нуклеарната централа Филипсбург во Баден-Вуртемберг моќноста е намалена со до десет проценти, објави електроенергетското друштво „EnBW“. Со тоа се очекува да се ограничи зголемувањето на температурата на водата во Рајна – со помош на внесената вода за ладење.

Во северна Германија нуклеарните централи Гронде (Долна Саксонија) и Брокдорф произведуваат според податоците на операторот „Preussen Elektra“ малку помалку електрична енергија од обично поради зголемените температури на водата. Во моментов тоа води до намалување на производството на електрична енергија со меѓу 80 до 120 мегавати во Гронде, а во Брокдорф ограничувањето е пониско.

Намалувањето на производството на електрична енергија како последица на малку повисоките температури на водата било нормален ефект, велат операторите. Таквите мерки постоеле речиси секое лето.

Поради високите температури на водата „EnBW“ исто така исклучила и еден блок од својата централа во Карлсруе која работи со јаглен. Како мерка на претпазливост давателот направил барања за привремено намалување на моќноста, за да може да продолжи да ги експлоатира своите централи, ако температурите на водата во Рајна и Некар ја надминат границата од 28 степени.

Во меѓувреме работи големата централа на јаглен на „RWE“ во Хам, чија дејност беше прекината минатиот викенд поради проблеми со испораката на јаглен, па повторно се враќа во мрежата. Бидејќи во наредните денови се очекува ниско производство од енергијата на ветерот, сега операторите имале потреба од струјата од Хам, вели портпаролот на централата. Поради ниското ниво на водата во реката Рајна бродовите за транспорт на јаглен не можат да бидат целосно натоварени во моментов, но и покрај тоа испораките кон Хам нема да бидат прекинати, појаснува портпаролот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП