15 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИНЛБ Банка АД Скопје прокнижи добивка од 19 милиони евра за периодот...

НЛБ Банка АД Скопје прокнижи добивка од 19 милиони евра за периодот јануари-јуни 2018

Во периодот од 01.01.2018 година до 30.06.2018 година НЛБ Банка АД Скопје оствари нето добивка од 1.175.932 илјади денари и е повисока за 26,5% во однос на истиот период од 2017 година.

Со 30.06.2018 година билансната сума достигна 74.700.839 илјади МКД, односно се намали за 1.054.805 илјади МКД или 1,4% во однос на 31.12.2017 година,  главно поради редовната целосна отплата на субординиран заем на 29.06.2018 година, во износ од 12 милиони евра и помал износ на депозити од небанкарскиот сектор.

Вкупните кредити на небанкарскиот сектор се зголемија за 458.275 илјади МКД или за 0,9% во однос на 31.12.2017 година и изнесуваат 49.175.099 илјади МКД.

Нето каматните приходи, заклучно со 30.06.2018 година се повисоки за 1,7% споредено со истиот период претходната година, при што приходите од камати се пониски за 0,8%, главно поради пониски каматни приходи од кредитите на нефинансиски правни лица,  додека расходите по камати се пониски за 11,4% главно поради пониски расходи за камата кај население.

Нето приходите од провизии се повисоки за 7,2%, при што приходите од провизии се зголемени за 5,8% како резултат на остварен пораст во доменот на картичното работење, електронско банкарство и брокерски услуги. Расходите за провизии се повисоки за 2,8%, главно поради повисоки расходи поврзани за картично работење и денарски платен промет.

Останатите некаматни приходи изнесуваат 545.428 илјади МКД и се повисоки во однос на истиот период претходната година, главно поради остварена капитална добивка од продажбата на НЛБ Нов пензиски фонд.

Вкупните приходи од работење изнесуваат 2.510.834 илјади МКД и се повисоки за 23,1% во однос на истиот период претходната година.

Вкупните оперативни трошоци изнесуваат 886.098 илјади МКД и се пониски за 0,04%. Трошоците за вработени се повисоки за 9,1%, трошоците за амортизација се повисоки за 4,2%, додека останатите расходи од дејност се пониски за 8,9% во однос на истиот период претходната година.

Заклучно со 30.06.2018, беа издвоени Исправки на вредноста на финансиските средства, на нето основа во износ од 303.226 илјади МКД, што е повеќе за 195,3% споредено со истиот период од претходната година. Исправките на вредност на нефинансиски средства изнесуваа 14.919 илјади МКД и се пониски за 58,2% во однос на истиот период 2017, поради помал износ на оштетувања на нефинансиските средства во 2018 година.

Финансискиот извештај можете да го погледнете тука.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП