24 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАТрамп го одржи ветувањето: Почна изградбата на ѕидот на границата со Мексико

Трамп го одржи ветувањето: Почна изградбата на ѕидот на границата со Мексико

Американскиот претседател Доналд Трамп соопшти дека почна изградбата на голем дел од ѕидот на границата со Мексико.

– Ќе имаме фантастична безбедност на границите што ќе го вклучат ѕидот. Многу луѓе сè уште не знаат дека веќе почнавме да градиме ѕид. Имаме 1,6 милијарди долари и почнавме да градиме големи делови од ѕидот – изјави  Трамп за „Фокс њуз“.

Инаку, Трамп се закани со блокада на федералната влада ако демократите во Конгресот одбијат да ги поддржат барањата на неговата администрација за безбедност и ѕид на границата со Мексико.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП