4 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНевработеноста во Германија го достигна минимумот од пред 38 години

Невработеноста во Германија го достигна минимумот од пред 38 години

Сезонски приспособената невработеност во Германија се намали до 3,4% во јуни 2018-та година во однос на ревидираните податоци за мај до ниво од 3,5%, доближувајќи се до 38-годишниот минимум.

Бројот на луѓето без работа останува непроменет на ниво од 1,49 милиони лица, а во јуни вработеноста порасна од 41,67 милиони лица во мај до 41,69 милиони лица во јуни. Невработеноста кај младите останува непроменета – 6,2% во јули. Ова е најниско ниво од април 1992-ра година.

Одделни податоци на бирото за вработување покажуваат дека сезонски прилагодениот број на невработени во Германија се намали за 6.000 лица, во однос на претходниот месец до 2,338 милиони во јули. За споредба, консензус прогнозата на пазарот беше за намалување за 10.000.

Невработеноста во јули достигна 5,2%, задржувајќи се на исто ниво во однос на еден месец порано, тоа е и најмалиот удел на бројот на невработени по обединувањето на Германија во 1990-та година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП