5 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИRaiffeisen Bank се шири во Хонг Конг

Raiffeisen Bank се шири во Хонг Конг

rai1

Австриската „Raiffeisen Bank International – RBI“ ја отвори својата прва филијала во Хонг Конг.

Тоа се случи за помалку од три недели од оставката на извршниот директор Херберт Степиќ, која ја откри поделеноста на оваа банка за ширењето на бизнисот во странство.

Извори од банката наведуваат дека несогласувањето на кредиторите кои ја контролираат „RBI“ околу ширењето во странство, го забрза заминувањето на Степиќ, поради истрагата околу купувањето на недвижнини во Сингапур, пренесува Ројтерс.

„RBI“, вториот најголем кредитор во Централна и Источна Европа, зад „UniCredit “ има претставништво во Хонг Конг од 1980 година, каде се вработени 12 лицa.

„RBI“ сака да ја искористи позицијата на Хонг Конг како глобален финансиски центар за да го прошири работењето во Азија и да и излезе во пресрет на се поголемата побарувачка од страна на клиентите во Австрија и Централна и Источна Европа во областа на финансиските услуги“, наведува банката.

„RBI“ исто така, има филијали во Пекинг и Сјамен. А од 1998 работи и во Сингапур. Контроверзното купување на објекти Степиќ го обавил преку швајцарската банка „UBS“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП