19 април, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАГрафик на денот: Велика Британија - „црна овца“ меѓу Г-7 земјите

График на денот: Велика Британија – „црна овца“ меѓу Г-7 земјите

Велика Британија е единствената земја од Г-7, која забележа забавување на растот во 2017-та година, покажуваат податоците на Националната статистичка служба на Велика Британија, цитирани од „Bloomberg“.

Додека повеќето големи економии се радуваат на силен подем во најдобрата година за глобалниот раст од 2011-та година, британската економија порасна само за 1,7% во однос на 1,8% во 2016-та година. Причината е одлуката од 2016-та година за напуштање на ЕУ, која ја потресе економската активност.

Податоците објавени од британската статистичка служба во вторникот го истакнаа влијанието на „Brexit“ врз економскиот раст. Во позадина на зголемувањето на загриженоста дека Велика Британија може да ја напушти ЕУ без договор, се очекува економијата да забави и оваа година.

Прогнозите се за просечен раст од 1,3% во 2018-та година во однос на 2,2% во еврозоната и 2,9% во ЕУ.

Иако Велика Британија се справи подобро од прогнозите веднаш по референдумот во 2016-та година и овој факт се истакнува постојано од поддржувачите на „Brexit“, растот минатата година бил доста под прогнозите пред гласањето, кога се претпоставуваше дека Британците ќе изберат нивната земја да остане во ЕУ.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП