17 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГрчката влада поради кризата ги затвора државните медиуми

Грчката влада поради кризата ги затвора државните медиуми

tv2

Грчката влада соопшти дека повремено ќе ја затвори државната телевизија и радио, како дел од мерките за штедење.

Портпаролот на конзервативната влада Симос Кедикоглу изјави дека радио и телевизиските сигнали на грчката радиодифузна корпорација „ERT“ ќе бидат исклучени денес, а околу 2.500 вработени ќе бидат суспендирани додека емитувањето не биде рестартирано.

„ERT e случај на исклучителен недостаток на траспарентност и неверојатно претерување. Со ова, ќе се стави крај“, изјави Кедикоглу на конференцијата за новинари, додавајќи дека „ERT“ е „расипнички рај“.

Кедикоглу изјави дека државниот електронски медиум покасно ќе биде повторно отворен во нов формат и со значително помалку вработени, но не прецизираше колку.

Сите вработени, кои според локалните медиуми се 2.700, ќе добијат надокнада и повторно ќе можат да се пријават за работа кога повторно ќе бидат отворени медиумите, изјави Кедикоглу.

Синдикатот на работниците на „ERT“ соопшти дека конзервативната влада, во настојување да остане на линијата со кредиторите од Европската унија и Меѓународниот монетарен фонд, е подготвена да ја жртвува јавната телевизија и радио, пренесува Бета.

Синдикатот на јавниот сектор „Адедеи“, затворањето на државните медиуми го прогласи за државен удар.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП