6 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЈовановски: Да се ажурираат ресурсите за евентуална појава на кризни ситуации

Јовановски: Да се ажурираат ресурсите за евентуална појава на кризни ситуации

На иницијатива на градоначалникот Илија Јованоски, денеска во Општина Прилеп е одржан состанок на Општинскиот штаб за заштита и спасување со цел што поголема мобилност и превенција на последици од можни катастрофи.

„Не треба да нè изненади ниту една ситуација. Како oпштина и како oперативен штаб за заштита и спасување треба да бидеме постојано мобилни, да има синхронизирана соработка на сите надлежни претпријатија на локално и централно ниво, да биде воспоставена соработка и со приватните фирми со цел да се знае кои нивни ресурси би биле ставени на располагање при појава на евентуални несакани ситуации“, порача градоначалникот Илија Јованоски.

Согласно со Законот за заштита и спасување, градоначалникот ја има функцијата и на командат на Општинскиот штаб, а претседателот на Советот ја презема обврската на началник на штабот.

На овој состанок е договорено согласно со законските регулативи да се ажурираат оперативните планови, како и севкупните ресурси коишто би биле ставени на располагање во услови на евентуална појава на кризни ситуации.

Јованоски и претставниците од подрачната единица на Дирекцијата за заштита и спасување -Прилеп ја акцентираа потребата од целосна кадровска екипираност на службите, како и ажурирање на Планот за заштита и спасување на oпштина Прилеп.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП