28 јуни, 2024
ПочетнаКОМПАНИИBP ги надмина очекувањата на пазарот со профит од 2,8 милијарди долари

BP ги надмина очекувањата на пазарот со профит од 2,8 милијарди долари

Високите цени на нафтата и зголеменото производство го зголемија профитот на меѓународната енергетска компанија „British Petroleum“ (BP) за вториот квартал на 2,8 милијарди долари, што е за четири пати повеќе од претходната година, пренесува „Ројтерс“.

Компанијата исто така, потврди дека ќе ја зголеми својата тримесечена дивиденда за прв пат по речиси пет години, нудејќи цена од 10,25 центи по акција.

„BP“ се соочува на нозе по падот на цените на нафтата и постепено се ослободува од санкциите од 65 милијарди долари, наметнати поради нафтената катастрофа во Мексиканскиот Залив во 2010-та година.

Нето добивката ги надмина проценките од 2,7 милијарди американски долари од истражувањето на аналитичарите.

Профитот на компанијата изнесуваше 2,6 милијарди долари во првиот квартал, наспроти 0,7 милијарди долари во претходната година.

Производство во првата половина се зголемило до 3,662 милијарди барели нафтен еквивалент на ден, вклучувајќи и производството во „Rosneft“ од 3,544 милијарди барели нафтен еквивалент на ден.

Фјучерсите на сортата Брент – „LCOc1“ кои во моментов се тргуваат за над 74 долари за барел, се зголемиле за околу 16 отсто во првата половина на 2018-та година и околу 60 отсто од 30-ти јуни 2017-та година.

Во најголемата зделка за последните речиси 20 години минатата недела „BP“ се согласи да купи дел од најголемата интернационална компанија „BHP Billiton“ за сума од 10,5 милијарди долари, што би ја проширило дејноста на британската компанија за нафта.

„BP“, исто така, откупи 200 милиони долари во акции во првата половина од оваа година. Во вториот квартал таа платила 700 милиони долари за истурање.

Односот меѓу долгот и пазарната вредност на компанијата забележува опаѓање до 27,8 отсто на крајот на кварталот од 28,1% на крајот на март. Нето долгот се проценува на 39,3 милијарди долари на крајот на јуни, во споредба со 40 милијарди долари на крајот од март.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП