4 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗАвстријци понудија „грабливец“ со 1.325 KS (фото)

Австријци понудија „грабливец“ со 1.325 KS (фото)

Иако пазарот на суперавтомобили е преполн, затоа што мал број на луѓе можат да си дозволат возило кое чини милиони долари, австрискиот производител „Milan“ верува дека може да им понуди нешто поразлично на богатите клиенти.

Новиот „Milan Red“ хиперавтомобил има под хаубата 6,2-литарски „V8“ со четири трубополначи кој произведува 1.325 KS и 1.400 Nm вртежен момент што овозможува забрзување од 0 до 100 km/h зa 2,47 секунди и максимална брзина од преку 400 km/h.

Автомобилот го доби името по птицата грабливка „Црвен змеј“ (Red kite) од семејството соколи, a дизајниран е да биде што е можно полесен со погон на задната осовина.

Производителот тврди дека „Milan Red“ е тежок 1.300 килограми, благодарејќи на тоа што комплетната структура е направена од карбон-фибер.

Покрај тоа суспензијата е од карбон, што според тврдењето на „Milan“ е прв пат забележано во еден патнички автомобил.

Приоритет на овој автомобил е функционалноста пред формата, па има големи вентилациски отвори напред, од страната и на задниот дел од возилото.

„Milan“ се уште не понуди фотографии од внатрешноста, но тврди дека еден од аспектите на кокпитот визуелизација на срцевиот ритам на возачот.

Австриската компанија планира да продаде 99 единици од „Milan Red“ суперавтомобилот по цена од околу два милиони евра по примерок.

Најверојатно веќе имаат 18 резервации, а целта на компанијата е да се прецизира најдобриот австриски инженеринг, а покрај тоа на производството на автомобилот соработувале со австриските експерти во областа на мотоспортот, како што се „AVL“ и „Pankl Racing Systems“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП