3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАРекорден пад на иранската валута

Рекорден пад на иранската валута

Иранската валута ријал падна на рекордно ниско ниво во однос на доларот пред повторното воведување на американските санкции против Техеран.

Многумина стравуваат од долготрајна економска криза и можни немири во земјата.

Поради падот на иранската валута во јуни веќе избувнаа тридневни демонстрации во кои граѓаните се судрија со полицијата пред иранскиот парламент, а загриженоста расте поради најавените американски санкции на 6 август.

Иранската централна банка соопшти дека за остар пад на вредноста на ријалот се виновни „заговорите на непријателот”.

Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп објави продолжување на санкциите против Техеран во мај, кога САД се повлекоа од меѓународниот нуклеарен договор на шесте големи сили со Иран.

САД, Русија, Кина, Велика Британија, Франција и Германија во 2015 година постигнаа историски договор со Иран, кој се согласи да ја ограничи својата нуклеарна програма, а за возврат му беа укинати санкциите.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП