2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАВоЈ ги задржа каматните стапки, но ја промени својата политика

ВоЈ ги задржа каматните стапки, но ја промени својата политика

Јапонската централна банка (ВоЈ) ги задржи основните каматни стапки без промена, со што целосно одговори на очекувањата на пазарот, пишува „CNBC“.

Големата вест од централната банка, сепак, е дека таа ќе ја направи пофлексибилна политика во однос на долгорочната цел за приносот на државните обврзници, на тој начин приносот ќе може да се зголемува над сегашниот максимум. Ова е прва промена во политиката на регулаторот по две години.

„ВоЈ“ ја потврди својата цел за стабилизирање на приносот на 10-годишните државни хартии од вредност околу нула проценти, како и дека краткорочната каматна стапка останува на ниво од 0,1%. Во соопштението на банката сепак е дадено објаснување дека во зависност од економската активност и цените, приносот на државните хартии од вредност може да се движи нагоре или надолу.

Одлуката беше донесена по шпекулациите кои се појавија минатата недела, според кои Јапонската централна банка активно дискутира за промени во политиката. Ова доведе до пад на цената на јапонските државни обврзници и до највисокиот принос по десетгодишните обврзници за последните речиси шест месеци.

Од централната банка признаа дека ќе потрае „повеќе време од очекуваното“, за да се постигне целта за инфлацијата од 2%.

Набрзо по објавувањето на одлуката на „ВоЈ“ приносот на десетгодишните државни обврзници се намали за речиси 3 базични поени до 2,950%. Јенот ослабе, а доларот поскапе за 0,25% во однос на јапонската валута до 111,33 јени.

„Гледаме многу мала промена во политиката на Јапонската централна банка, но таа би можела да овозможи да видиме висок принос на обврзниците на долг рок“, коментира Хороаки Мутоу, главен економист во „Tokai Tokyo Research Institute“. Според него „ВоЈ“ успеала да ја промени својата политика, така што тоа да не влијае на пазарите, но воведува алатка која дава сигнал за идно затегнување на политиката.

Овој потег, дел од таканаречената политика за контрола на кривата на принос, би можела да ја подобри профитабилноста на банките и веројатно да доведе до повисока инфлација. Јапонија одамна има проблеми со постигнување на целта за инфлација од 2%, а аналитичарите дури очекуваа дека централната банка ќе ја намали целта на оваа средба.

Од извештајот за економските перспективи на „ВоЈ“ станува јасно дека банката ги намали прогнозите за инфлацијата за следните три години, а очекувањата се за инфлација од 1,1% за фискалната 2018-та година, 1,5% за 2019-та година и 1,6 % во 2020-та година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП