18 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАТрамп: Ќе ја блокирам работата на владата ако не добијам пари за...

Трамп: Ќе ја блокирам работата на владата ако не добијам пари за границата

Претседателот на САД, Доналд Трамп повтори дека ќе ја блокира работата на владата доколку во Конгресот не ги добие средствата кои ги бара за обезбедување на границата, вклучувајќи и изградба на ѕид кон Мексико.

,,Нема да имам никаков проблем да ја ‘изгаснам’ владата доколку не добиеме согласност за обезбедување ба границата по сите овие години на расправа за тоа во САД, изјави Трамп на прес-конференција со италијанскиот премиер Џузепе Конте.

Тој додаде дека ие двајцата го делат мислењето дека силните нации мора да имаат силни граници. Трамп, сепак нагласи дека остава простор за разговори без поставување на црвени линии.

Иако републиканците ги контролираат двата дома на Конгресот, Трамп постојно ги обвинува демократите за неусвојувањето закони со кои ќе се променат условите за влез на мигрантите во Америка.

,,Време е на вистинскиот начин да ја обезбедиме нашата граница. Имаме најлоши имиграциони закони на светот”, оцени Трамп.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП