13 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАУсвоени измените на Царинскиот закон за олабавување на казнената политика

Усвоени измените на Царинскиот закон за олабавување на казнената политика

Собранието вчера ги усвои измените и дополнувањата на Царинскиот закон, кои предвидуваат хармонизација со  законодавството на Европската Унија, побрз проток на стоки и олабавување на казнената политика.

„Целта на измените е подобрување на легислативата во насока на создавање униформна, правична и пропорционална примена на прекршочните одредби соодветно на тежината на сторениот прекршок. Со предложените измени во прекршочните одредби се врши намалување на глобата од 250 на 50 евра за правно лице и од 50 на 15 евра за физичко лице за делот од царинските прекршоци за кои е предвиден мандатен платен налог“, рече министерот за финансии, Драган Тевдовски, во експозето на законот.

Со предложените измени се овозможува заемното признавање на издадените одобренија за овластен економски оператор во рамките на ЦЕФТА, што ќе придонесе за олеснување на регионалната трговија. Ова е голема придобивка за македонските трговски друштва што тргуваат во регионот, на кои ќе им се овозможи побрз проток на стоката што се извезува, помалку физички и документациски контроли и можност да го изберат местото каде што ќе се спроведат контролите.

Со измените на законот се врши и усогласување со Конвенцијата за заедничка транзитна постапка. Со овие измени се усогласуваат одредбите што се однесуваат на употреба на гаранции за обезбедување плаќање на царинскиот долг или други давачки што може да настанат во врска со стоката ставена во транзитна постапка.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП