4 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАИсточноевропејците ќе престанат да бегаат кога ќе им се зголемат платите

Источноевропејците ќе престанат да бегаат кога ќе им се зголемат платите

Пред пристапувањето на источноевропските земји во Европската унија (ЕУ) очекувањата беа големи: се сметаше дека тоа ќе доведе до израмнување на темпото на производство, на платите и зголемување на општата благосостојба на земјите од ЕУ, пишува австрискиот „Wiener Zeitung“.

Истражување на виенскиот Институт за меѓународни економски споредби (ИМИС) покажува сепак друго: дека во осум земји од Централна и Источна Европа – Бугарија, Чешка, Хрватска, Унгарија, Полска, Романија, Словенија и Словачка – овој процес на изедначување на економските и социјалните индикатори работи побавно, а не секаде еднакво, вели весникот.

Додека Бугарите и Романците ќе продолжат да бараат работа во странство, земјите како Чешка или Унгарија ќе привлечат повеќе работна сила до 2020-та година. Заедно со економскиот раст и ниската невработеност значително влијае врз миграциските процеси, се испоставува исто и врз политиката на приходите, покажува истражувањето, цитирано од „Wiener Zeitung“.

Емиграцијата почнува да опаѓа

Во 2017-та година, економскиот раст во осумте земји беше помеѓу 2,8% од БДП-то во Хрватска и 6,9% во Романија. Економистот Марио Холцнер од Виенскиот институт смета дека зенитот веќе е достигнат, иако до 2020-та година растот ќе продолжи да се движи помеѓу 3 и 4% од БДП-то на земјите.

Како резултат на тоа, ситуацијата на пазарот на труд се подобри и невработеноста остро се намали. Главно во Чешка, каде според „Евростат“, невработеноста во 2016-та година била 2,4 отсто, веќе може да се зборува за постигнување на целосна вработеност.

„Чешка, за среќа, е сместена во позападниот дел од регионот, таа е силно поврзана со германскиот синџир за создавање на додадена вредност во секторот на автомобилската индустрија. Од изселничкаа таа постепено се претвора во преселничка земја“, посочува Холцнер.

Всушност, во 2000-та година чешката популација се намалила за 20.000, со оглед на тоа што бројот на овие кои заминуваат е сè уште поголем од оној на оние кои пристигнуваат во земјата. Сепак, непосредно пред економската криза во 2007-ма година, мигрантите беа 5 пати повеќе од емигрантите. Тогаш населението на земјата се зголеми за 80.000. Според „Евростат“, до 2030-та година, работоспособното население ќе порасне за 12.000 до 15.000 луѓе годишно.

Делумно, приходите растат брзо

Маркус Матербауер, економист, објаснува дека полошите услови за работа и живеење во една земја ги поттикнуваат луѓето да ја напуштат земјата. Меѓутоа, повисоките плати се фактор што им помага да останат во земјата.

Навистина, часовната стапка на Република Чешка е зголемена за 51% од 2000-та година, или за 7 евра. Ова е значително помалку отколку во Романија, каде што се зголеми за два и пол пати, односно на 4,20 евра. Во Бугарија, часовната плата е двојно зголемена, достигнувајќи 4 евра на час. За да се зголеми побарувачката на услуги и да се забрза процесот на конвергенција, сепак е потребно поголемо и последователно зголемување на платите, посочува Мартербауер.

Студијата покажува не само врската помеѓу невработеноста и миграцијата, туку и растечката улога на либерализацијата на пазарите на труд во источна Европа. Во една Австрија, на пример, 98 отсто од вработените луѓе работат во бранши со колективни договори, а социјалното партнерство обезбедува рамномерно зголемување на платите во различни бранши. Меѓутоа, во земјите од источна Европа, надоместокот се повеќе се одредува на ниво на компанија.

Еден пример: ако во 2000-та година 98% од романските работници работеле на колективни договори, денес нивниот удел паднал на 35%. Како резултат на тоа, платите се ниски. Разликите меѓу секторите растат брзо. Така на пример компјутерските експерти денес се далеку подобро платени, отколку во туризмот, каде што платите остануваат непроменети, а во земјоделството тие дури се намалил во однос на 2010-та година.

Прогнозата на „ИМИС“ гласи дека до 2030-та година Романија ќе продолжи да губи годишно меѓу 40.000 и 50.000 луѓе работна сила на возраст меѓу 15 и 65 години – помеѓу еден и еден и пол проценти од работоспособното население на земјата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП