4 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКризата на пазарот на труд ја натера Полска да увезува работници од...

Кризата на пазарот на труд ја натера Полска да увезува работници од Филипините

За да се справи со се повеќе акутниот недостаток на работна сила, Полска планира да „увезе“ работници од Филипините, пренесе „Франс прес“, повикувајќи се на полското Министерство за труд.

„На пат сме да склучиме договор. Се надеваме наесен да успееме да потпишеме барем преддоговор“ со Филипините власти“, изјави за полската новинска агенција „ПАП“, заменик-министерот за труд Станислав Швед. „Варшава го очекува предлогот од Манила“, рече тој.

„Полска беше избрана (од Филипините), бидејќи нашата земја им е блиска во културна смисла, главно поради католичката вера“, истакна Швед, цитиран од агенциите.

Заменик-министерот објасни дека Полска се потпира главно на високо квалификувани работници од областа на компјутерската технологија, медицината и градежништвото.

Од безбедносни причини Полска, која регистрира најниско ниво на наталитет и страда од емиграција на сопствените работници и експерти во Западна Европа, ја затвори вратата за бегалците, но е принудена да ја ревидира имиграциската политика.

Според експертите, до 2030-та година, секоја петто работно место во Полска, земја со 38 милиони луѓе, ќе биде празно. Тогаш на полската економија ќе и требаат 20 милиони работници, но активното население се очекува да се намали на 16 милиони луѓе. Постои опасност дека оваа ситуација може да го загрози брзиот и постојан економски раст на земјата од падот на комунизмот во 1989-та година.

Според податоците на полската централна банка сега во Полска работат еден милион Украинци и во наредните години се очекува нивниот број да расте од 200.000 до 300.000 луѓе.

Според Министерството за труд минатата година, Полска издаде повеќе од 235.000 работни дозволи за странци.

Најмногу се Украинците, со 192.547 дозволи, следени од жителите на Белорусија, кои се далеку назад со 10.518 дозволи. Третата национална група е непалците, која изнесува околу 7.100 луѓе.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП