5 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗRenault-Nissan-Mitsubishi објави рекордни продажби за 2018-та

Renault-Nissan-Mitsubishi објави рекордни продажби за 2018-та

Алијансата „Renault-Nissan-Mitsubishi“ очигледно ќе го задржи првото место по продажната во светот, откако објави рекордни резултати за првите 6 месеци од годината. До 30-ти јуни француско-јапонскиот производител продал 5.538.530 нови автомобили во целиот свет, што е за 5,1% повеќе од истиот перод од 2017-та година.

Кај брендовите, „Renaut“ пријавени зголемување на продажбата на моделите „Clio“, „Captur“ и „Scenic“, а „Dacia“ забележа рекорд како целина за првото полугодие. За возврат „Nissan“ одличен раст има кај голем број модели, вклучувајќи ги „Note“, „Serena“, „X-Trail“ и „Qashqai“, додека „Mitsubishi“ може да се пофали со зголемената продажба на „Eclipse Cross“ и „XPANDER“.

Двата брадови, „Renault“ и „Nissan“, исто така, пријавија одлични перформанси во сегментот на електричните автомобили. Француската компанија држи 21,9% од пазарот во Европа благодарение на „ZOE“ и „Kangoo Z.E“. Вториот модел, за возврат, има пазарен удел од 38% за лесни автомобили на струја.

Кај „Nissan“ одличното претставување во сегментот се должи на новиот „Leaf“, од кој во првите 6 месеци се продадени над 47.000 примероци. Во Европа, тие се 18.000, што го прави најпопуларното електрично возило на континентот. „Mitsubishi Motors“, чиј хибрид „Outlander PGEV“ е лидер во „SUV“ сегментот, исто така се справува добро.

Плановите на „Renault-Nissan-Mitsubishi“ предвидуваат во 2022-ра година Алијансата да продава над 14 милиони нови автомобили годишно. За споредба, во 2017-та година, резултатот на групата беше 10,6 милиони, што значи дека за 4 години продажбата треба да скокне за речиси 30%.

Задржувајќи ги овие стапки, Алијансата ќе ја заврши годината на првото место според продажбата. Големите конкуренти „Toyota“ и „Volkswagen Group“ исто така ги објавија своите резултати за првите шест месеци од годината. Јапонците продале 5.209.000 нови автомобили во овој период, а 4,7 милиони од нив се на марките „Toyota“ и „Lexus“, а останатите на автомобилите „Daihatsu“ (431.000) и камионите „Hino“. Германците од „Volkswagen“ изгледаат како посериозна опасност за првото место, затоа што нивниот резултат за 6-те месеци е 5.519.000 продажби.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП