4 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИЕуролинк Осигурување доби нов извршен директор

Еуролинк Осигурување доби нов извршен директор

Marija-Toneska

Со цел зајакнување на позицијата на Друштвото на пазарот на осигурување, како и за унапредување на внатрешните системски процеси кои ќе доведат до зголемена проактивност и конкурентност на долг рок, Еуролинк Осигурување постави уште еден Извршен директор.

Нов Извршен директор е Марија Томеска, магистер по менаџмент и управување со ризици на реномираниот London School of Economics, која е вработена во Друштвото веќе 10 години и повеќегодишен директор на Секторот за осигурување и реосигурување.

Со финализирање на законската постапка за стапување на должност на новиот Извршен директор, од 05.06.2013г, Друштвото има двајца Извршни директори.

Еуролинк Осигурување во моментов е на втората позиција на пазарот на осигурување во Македонија, претставувајќи стабилен и брзорастечки субјект кој е сигурен партнер на голем број компании, домаќинства и лица во Р. Македонија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП