21 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПекинг и Лондон планираат договор за слободна трговија

Пекинг и Лондон планираат договор за слободна трговија

Кина и Велика Британија планираат да започнат дискусии за договор за слободна трговија меѓу двете земји по излегувањето на Лондон од Европската унија. Тоа го изјави во Пекинг новиот британски дипломат Џереми Хант.

Хант ја избра Кина за прва посета надвор од Европа, откако го презеде Министерството за надворешни работи во почетокот на јули, менувајќи го во министерската фотелја Борис Џонсон, кој поднесе оставка поради несогласувањата со премиерот Тереза ​​Меј за нејзината стратегија за „Brexit“.

На заедничката прес-конференција со својот кинески колега Ван Ји, Хант соопшти дека Пекинг и понудил договор за слободна трговија со Велика Британија, кога земјата ќе ја напушти ЕУ на крајот на март 2019-та година.

„Ние разговаравме за предлогот, упатен од министерот за надворешни работи Ван Jи, да започнеме дискусија за постигнување договор за слободна трговија меѓу Велика Британија и Кина по „Brexit“, изјави Хант.

При посетата на Пекинг во почетокот на годината Меј зборуваше за забрзување на дискусиите за укинување на трговските бариери меѓу двете земји.

Кинезите и Британците ги прогласија последните неколку години како „златно доба“ во нивната врска. Еден од изразите на ова затоплување беше официјалната посета во 2015-та година на претседателот Си Џинпин во Велика Британија, кога тој беше примен многу свечено од кралицата Елизабета Втора.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП