27 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПромоција на Младинска повелба за мир за надминување на меѓуетничките конфликти

Промоција на Младинска повелба за мир за надминување на меѓуетничките конфликти

Во Општина Куманово во 11 часот ќе се одржи промоција на Младинска повелба за мир (Peace Charter), документ кој обезбедува препораки за надминување на меѓуетничките конфликти и зајакнување на соработката и дијалогот помеѓу заедниците.

Повелбата за мир ги содржи ставовите и барањата на стотина младинци од различна етничка припадност од општините Куманово, Крива Паланка, Старо Нагоричане, Липково и Кратово, кои преку низа настани имаа можност меѓусебно да се запознаат, да проговорат за своите проблеми, да предложат и побараат решенија за надминување на истите, како и да преземат заеднички акции во насока на подобрување на интеракцијата и соработката помеѓу младите.

Истовремено, младите ги совладаа основните вештини за трансформација и решавање конфликти, јавно застапување и младински активизам. Преку изработката на Повелба за мир овие млади сакаат да им го свртат вниманието на локалните и национални власти, на државните институции, на родителите, на своите врсници и на јавноста, воопшто – кон предизвиците и проблемите со кои се соочуваат, растејќи, живеејќи и образувајќи се во мултетничките заедници. Повелбата за мир ги содржи нивните ставови и барања кои се однесуваат на мултиетничката интеграција и социјализација, образованието, како и на борбата за еднаквост, а против дискриминацијата, стереотипите и насилството.

Повелбата за мир ќе биде промовирана во рамки на завршниот настан организиран за презентација на резултатите од реализација на проектот „Зајакнување на соработката и дијалогот помеѓу заедниците преку Охридскиот рамковен договор (ОРД)” кој е финансиран од страна на ЕУ, претставена преку Делегацијата на ЕУ во Скопје, а е ко-финансиран од страна на шведската Агенција за меѓународен развој и соработка, Сида. Воедно проектот се спроведува од страна на Фондацијата Kvinna till Kvinna и Организација на жени „Кумановка” со времетраење од 27 месеци опфаќајќи ги општините Куманово, Крива Паланка, Старо Нагоричане, Липково и Кратово.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП