10 јули, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАПроменливо облачно, попладне дожд и грмежи

Променливо облачно, попладне дожд и грмежи

Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, околу пладне и попладне со локален пороен дожд и грмежи. Ќе дува умерен северен ветер, особено долж Повардарието. Минималните температури ќе се движат од 14 до 22 степени, а дневната највисока температура на воздухот ќе се движи во интервалот од 27 до 34 степени.

Во Скопје ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, попладне со локален пороен дожд и грмежи. Ќе дува умерен северен ветер. Температурите ќе се движат од 20 до 33 степени.

Во наредните денови продолжува периодот на променливо облачно и нестабилно време, на повеќе места со пороен дожд и грмежи. Дневните температури ќе бидат околу или малку под просечните за овој период од годината.Извесно стабилизирање на времето се очекува за време на предстојниот викенд.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП

NEWSLETTER

Добивајте вести на e-mail

Бидете во тек со најновите вести од Денар