26 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАТурција продолжи со економскиот раст и оваа година

Турција продолжи со економскиот раст и оваа година

turcija1

Министерот за финансии на Турција, Мехмет Шимшек во писмена изјава наведе дека Турција зебележала раст од три проценти во првиот квартал од оваа година.

Во сопштението се наведува дека поради силниот раст на домашната побарувачка, турската економија во првите три месеци оваа година остварила раст од три проценти, со што, продолжил трендот на економски раст и стабилизација.

Шимшек соопштил дека во вториот квартал од оваа година се очекува продолжување на економскиот раст, прогнозирајќи дека полугодишниот раст на земјата би можел да изнесува околу четири проценти.

Во првиот квартал од оваа година Турција забележа значителен раст на домашната побарувачка, пораст на акциите и извозот.

„Исто така, во наредниот период очекуваме стабилни јавни финансии, стабилен банкарски сектор и стабилност во реалниот сектор. Исто така, силниот тренд на потрошувачките кредити ќе допринесе за зајакнување на економијата на Турција. И индустриското производство во вториот квартал доживеа раст“, се наведува во соопштението.

Стапката на раст на економијата на Турција во 2011 година од 8,5 проценти беше втората по големина во светот, веднаш зад Кина.

Земјата е членка на Организацијата за економска соработка и развој (ОЕЦД), Групата Г20 – најразвиените и големи економии со брз раст, како и групацијата МИСТ (Мексико, Индонезија, Турција и Јужна Кореја) – организација на земји со брзорастечки големи економии.

Турција се наоѓа на 32 место меѓу извозниците и на 18-то место меѓу увозниците во светот, таа е 16-от извозник на комерцијални услуги.

Податоците на ОЕЦД покажуваат дека економијата на Турција во периодот од 2011-2017 година најбрзо ќе се развива меѓу членките од тој блок на развиени земји, со просечна стапка на раст од 5,7 проценти и дека номиналниот БДП по глава на жител во 2016 година ќе достигне повеќе од 14.500 долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП