8 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГерманија ќе инвестира 500 милиони евра во енергетската ефикасност на железничкиот транспорт

Германија ќе инвестира 500 милиони евра во енергетската ефикасност на железничкиот транспорт

Германската влада ќе инвестира 500 милиони евра во периодот меѓу 2018-та и 2022-ра година во подобрување на енергетската ефикасност на железницата. Објавувањето на средствата доби одобрение од Европската комисија (ЕК) за барањата за државна помош.

Во шемата компании од железницата ќе добијат до 50% надомест на трошоците направени за мерките со кои ќе ја подобруваат енергетската ефикасност, како што се купување на хибридни локомотиви или автоматизирани системи за управување, и на тој начин ја намалат потрошувачката на електрична енергија на единица товар или на патник.

Компаниите кои ќе добијат помош од државата, сепак ќе треба да покажат резултати – барем 1,75% подобрување на ефикасноста годишно. Од 2020-та година овие бројки ќе се зголемат на 2%.

Инвестициите во слични технологии ќе ја направат железницата поевтина и поефективна и така ќе се охрабри нејзината употреба, ќе биде намален сообраќајот на патиштата, а тоа ќе и помогне на Германија да ги исполни целите за намалување на емисиите на јаглерод диоксид.

„Железничкиот транспорт да се напојува со електрична енергија, е најчист транспорт од еколошка гледна точка“, коментира комесарот за прашањата на конкуренцијата Маргрете Вестагер, цитирана од прес-центарот на ЕК.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП