4 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗПретседателот на Toyota сака уште еден спортски автомобил во гамата

Претседателот на Toyota сака уште еден спортски автомобил во гамата

Јапонската производител „Toyota“ продолжува со новата рекламна кампања на „Supra“, но планира да ја прошири својата гама на спортски автомобили.

Според зборовите на претседателот на компанијата Тецуи Тада, цитиран од „Carscoops“, тој самиот отсекогаш сакал палетата спортски автомобили на „Toyota“ да се состои најмалку од 3 модели. „Supra“ ќе биде на врвот во рангирањето, а купето „GT86“ ќе биде во средината. Ова остава простор за уште еден автомобил од почетно ниво.

Уште во 2015-та година „Toyota“ навести за правење на трет спортски автомобил, откако на автосаемот во Токио покажа концепуталнен модел (на фотографијата). Тој комбинира лесна конструкција, класичен дизајн и погон на задните тркала и поставеност напред на моторот.

Меѓутоа, „S-FR“ останува концепт, а „Toyota“ не ги откри неговите технички детали. Во оваа година се појави нова верзија „S-FR Racing“, која изгледа како одличен конкурент на „Mazda MX-5 Cup“. Тоа е веројатно сериската верзија на овој автомобил и ќе биде третиот „спортист“ во гамата на брендот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП