18 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЗаев-Шараф: Постои голем потенцијал за економска соработка меѓу Македонија и Саудиска Арабија

Заев-Шараф: Постои голем потенцијал за економска соработка меѓу Македонија и Саудиска Арабија

Премиерот, Зоран Заев, денеска се сретна со Абдулмомен бин Мохамед Шараф, новиот вонреден и ополномоштен амбасадор на Саудиска Арабија за Македонија, со седиште во Тирана.

„На средбата заеднички е констатирано дека постои голем потенцијал за развој на економската соработка помеѓу двете држави. Разговарано е за можноста за потпишување генерална рамковна спогодба што ќе отвори можност за соработка во повеќе полиња и сектори кои се однесуваат директно на подобрување на животот на граѓаните“, соопштија од Владата.

Заев на средбата рекол дека низ реформските процеси во нашата држава и политиките на пријателства, Македонија е блиску до стратешките цели – Европската унија и НАТО. „Тие, по референдумот ќе отворат големи можности за граѓаните на Македонија и на државата, првенствено на економски план, освен за стабилноста и безбедноста на земјата“, рекол Заев.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП