23 април, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАММФ: Економскиот раст на Кина е силен, но потребни се реформи

ММФ: Економскиот раст на Кина е силен, но потребни се реформи

Кинеската економија продолжува со силното претставување, а економскиот раст се очекува да биде 6,6 отсто во тековната година, предвидува Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), цитиран од „Ројтерс“. Оваа бројка е малку под стапката на раст од 6,9 отсто во минатата година.

Прогнозата на ММФ за економскиот развој во мај не се промени. Фондот ја зголеми во јануари прогнозата за економскиот развој во Кина во 2018-та година, по неочекуваното забрзување на економијата во минатата година.

ММФ го пофали напредокот на Кина при намалувањето на ризиците во финансискиот сектор и понатамошно отворање на економијата на земјата, но истакна дека растот на кредитите е се уште неодржливо висок и некои аспекти од пребалансирането на економијата е бавно.

Во последните години Пекинг се обидува да го ограничи брзиот раст на кредитите, што според економистите и аналитичарите ќе ги доведе до побавен раст во блиска иднина. Според нив на подолг план е потребно да се избегне нагло забавување на растот и ризикот од финансиска криза.

Според ММФ, Кина треба да продолжи со програмата за намалување на долгот преку воведување на многу потребни реформи и ребалансирање на економијата.

„Кина се наоѓа на прагот на историски момент. По неколку децении на брз раст властите сега се фокусирани на раст од висок квалитет“, се наведува во извештајот на ММФ.

„Дали и како оваа промена ќе се одвива ќе го одреди развојот на Кина во наредните децении“, рече ММФ.

Економскиот раст во вториот квартал благо е забавен до 6,7 проценти, а напорите на Пекинг да го совладаат задолжувањето ја засегнале економската активност.

Кина презеде чекори за зголемување на кредитирањето на малите компании и најави дека ќе преземе поактивна фискална политика, иако ќе се воздржи од нови силни стимулации за да даде поттик на економскиот развој.

„Краткорочната перспектива за кинеската економија останува силна поради значителниот внатрешен импулс, обновата на светската трговија и сериозниот прогрес на реформите“, забележува ММФ во извештајот.

Вкупната инфлација на Кина се очекува да се забрза постепено до околу 2,5 проценти, додека инфлацијата на цените на производителите ќе е умерена, според ММФ.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП