Секој кој сака „AMG“ брендиран модел сега има можност да одбере меѓу возила со два или четири тркала. Брендот на „Mercedes-Benz“ за возила со големи перформанси „AMG“ стапи во долгорочно партнерство со компанијата „ROTWILD“ познат производител на премиум планински и „touring“ велосипеди.
Со портфолио на ексклузивни и ограничени планински велосипеди, првиот производ на оваа компанија ќе биде велосипедот „R.X45 AMG All Mountain“. Динамичниот дизајн и свежата колор шема е инспирирана од моделот „A45 AMG Edition 1“.
Овој нов модел на велосипед е достапен ексклузивно преку дилерите на „ROTWILD“, при што цената на овој рачно изработен велосипед од јаглеродни влакна изнесува цели 6999 евра. Оваа цена можеби е голема, но вистинските љубители на велосипеди нема да жалат доколку ги дадат за овој нов производ на „ROTWILD“.