19 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСпоред најновата анкета, Британците го поддржуваат референдумот за условите на брегзит

Според најновата анкета, Британците го поддржуваат референдумот за условите на брегзит

Процентот на британските граѓани кои го поддржуваат референдумот за конечен договор со ЕУ за брегзит за прв пат во анкета го надмина процентот на оние кои се противат на тоа, според истражувањето на агенцијата „Југов“ на „Тајмс”.

На прашањето дали треба да се одржи референдум за конечните услови на договорот за брегзит, 42 отсто одговориле потврдно, а 40 негативно. Останатите кажале дека не знаат.

Анкетата опфати 1.633 полнолетни граѓани на Обединетото Кралство, а истражувањето беше спроведено во среда и четврток, на 25 и 26 јули.

Кога станува збор за партиските поддржувачи, 58 отсто од гласачите на лабуристите го поддржуваат референдумот, а 67 отсто од симпатизерите на демократите и 21 отсто од гласачите на конзервативците.

На референдумот во јуни 2016 година, 51,9 отсто од гласачите го поддржале напуштањето на ЕУ, а 48,1 отсто биле за останување на земјата во блокот.

Две години подоцна, анкетата на „Југов“ покажа дека не се променети ставовите на мнозинството гласачи за тоа дали да се напушти Унијата.

Ако се одржи нов референдум за членство во ЕУ, 45 отсто од граѓаните ќе се изјаснат за останување, 42 отсто за истапување, 4 отсто нема да гласаат, а 9 отсто би се изјасниле дека не знаат.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП