10 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГраѓанските здруженија со отворено прашање до Владата за трасата што поминува низ...

Граѓанските здруженија со отворено прашање до Владата за трасата што поминува низ парк шумата Водно

Граѓанските иницијативи и здруженија Го сакам Водно, О2 Коалиција, Стоп на загадувањето, Спас за Водно, Зелено Тафталиџе, ЕкоКарпош 3,2,1, Ние сме Карпош 4, ФРОНТ 21/42, МТБ Оксижен, I love hiking, Гоу Грин, Грин Пауер, Скопје Смог Аларм, Билка, Плоштад Слобода, Еко Свест, Сакаме Аеродром да дише излегоа со отворено прашање до Владата поврзано со трасата за гасовод која ќе поминува низ пар шумата Водно.

“По повод вчерашната објава на изјавата на директорот на МЕР каде Владата одлучила гасоводната делница Скопје – Тетово – Гостивар да продолжи да се гради по истата траса низ парк шума Водно, со неколку измени и мерки, очекуваме јавен одговор од Владата со објавување на нејзината одлука гасоводот да помине низ парк шумата Водно, донесена на владина седница”, се вели во соопштението.

Последниот официјален став на Владата познат на јавноста е од 27.3.2018 каде го задолжи Министерството за транспорт и врски, Градот Скопје и МЕР да најдат заедничко прифатливо решение во однос на изградбата на магистрален гасовод Делница 5 Скопје – Тетово – Гостивар кај потегот на Водно.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП