21 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАМЗШВ: Се очекува целосно повлекување на одлуката на Косово

МЗШВ: Се очекува целосно повлекување на одлуката на Косово

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство соопшти дека разговорите кои Владата и надлежните министерства ги водеа со Косово во изминатиот период дадоа плод.

„Приштина веќе ја повлече зголемената царина за дел од производите. Утре министерот за економија, Крешник Бектеши, ќе се сретне со неговите колеги во Косово каде што ќе се бара решение и надминување на проблемот. Сите досегашни преговори ни даваат право да очекуваме целосно укинување на зголемените царини. Затоа во овој момент Македонија останува на ставот барем засега да не се воведуваат контрамерки. По утрешниот состанок ќе имаме и многу повеќе детали за наредните чекори“, соопшти МЗШВ.

Од Министерството додаваат дека приоритетна цел за нив во моментов останува утврдување на начините за заштита на земјоделците.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП