19 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИShell почна да откупува акции во вредност од 25 милијарди долари

Shell почна да откупува акции во вредност од 25 милијарди долари

„Royal Dutch Shell“ ја започна долгоочекуваната програма за откуп на акции во вредност од 25 милијарди долари во позадина на намалувањето на долгот и профит за вториот квартал, што е далеку под очекувањата, пренесува „Ројтерс“.

Програмата за откуп на акции, ветена по аквизицијата на „BG Group“ во 2016-та година, е најстариот јасен сигнал до моментот дека втората по големина нафтена компанија во светот се опоравува од тригодишниот пад во енергетскиот сектор.

„Shell“ ќе почне да купува акции од класа А или Б во вредност од 2 милијарди долари на секои три месеци, соопшти компанијата. Таа планира да купи акции во вредност од најмалку 25 милијарди долари помеѓу 2018-та и 2020-та година, во зависност од понатамошниот напредок во намалувањето на долгот и цените на нафтата, соопшти компанијата.

Одлуката беше донесена наспроти малото намалување на долгот на „Shell“ во вториот квартал. Соодносот на долгот кон капитализација на компанијата е намалена до 23,6% во однос на максимумот од 29,2% во третиот квартал од 2016-та година и 24,7% во првиот квартал од оваа година.

Долгот на „Shell“, сепак, продолжува да изнесува 66 милијарди долари, останувајќи практично непроменет во последните пет квартали.

Компанија значително ги намали трошоците, затвори илјадници работни места и продаде имот вреден скоро 30 милијарди долари по кризата со нафтениот пазар во 2014-та година.

Очекувањата на инвеститорите кон програмата за откуп на акции се зголемуваат стабилно во последните квартали, бидејќи профитот и генерирањето на ликвидните средства се зголемија во позадината на обновувањето на цените на нафтата и по агресивното намалување на трошоците по кризата во 2014-та година.

Сепак, добивката на „Shell“ за вториот квартал не успеа да ги исполни очекувањата. Нето приходите што треба да се распределат меѓу акционерите во текот на кварталот се зголеми за 30 проценти годишно на 4,691 милијарди долари. Аналитичарите очекуваа да достигнат 5,967 милијарди долари.

Падот на добивката доаѓа главно од рафинериите, трговијата и маркетингот на „Shell“, како резултат на пониските трговски перформанси, повисоките трошоци и девизните курсеви.

Цената на акциите на „Shell“ на берзата во Лондон се намали за 0,7 проценти на почетокот на тргувањето.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП