19 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕЦБ ги задржа каматните стапки без промена

ЕЦБ ги задржа каматните стапки без промена

Европската централна банка ги задржи основните каматни стапки без промена, како и монетарна политика според прелиминарните очекувања на пазарите. Ова сепак се случува во услови на зголемена неизвесност за економија, коментираат странските медиуми.

На денешното заседание Управниот одбор на „ЕЦБ“ одлучи каматната стапка за главните операции за рефинансирање и каматните стапки на грничното кредитно олеснување и депозитните олеснувања да останат непроменети – односно 0,00%, 0,25% и -0,40%.

Управниот одбор очекува основните каматни стапки на „ЕЦБ“ да се задржат на сегашното ниво најмалку за период кој вклучува и летото на 2019-та година, и во секој случај толку долго колку што е потребно, за да се обезбеди натамошно одржливо доближувањето на инфлацијата до нивоа под, но блиску до 2% на среден рок.

Што се однесува до нестандардните мерки за монетарната политика, Управниот одбор ќе продолжи да врши нето купувања по програмата за купување на средства со сегашната месечен стапка од 30 милијарди евра до крајот на септември 2018-та година.

Управниот одбор се очекува дека по септември 2018-та година, под услов дека влезните податоци ги потврдат среднорочните проекции на Управниот одбор за инфлацијата, месечната стапка на нето набавки на средства ќе бидат намалени на 15 милијарди евра до крајот на декември 2018-та година и тогаш нето-набавките ќе завршат.

Уште во јуни централната банка ги истакна плановите да ја прекине големата програма за откуп на обврзници во декември и навести дека каматните стапки, најверојатно, ќе остане на сегашните ултра ниски нивоа барем до летото 2019-та година. Банкарите од „ЕЦБ“ повторно потврдија дека секоја можна промена во тековниот план ќе зависи од тековните податоци.

Пазарите се во очекување на пораките од управителот на „ЕЦБ“, Марио Драги. Меѓу најинтересните теми на кои се очекуваат вести, да се реинвестираат на паричните средства од оваа програма за откуп на обврзници и актуелните очекувања за инфлацијата.

Малку по објавување на одлуката еврото поевтини за 0,12% во однос на доларот до 1,1715 долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП