Продажбата на нови домови во САД се намали во јуни. Во исто време резервите се зголемија, а цените на куќите се намалија, што потенцијално покажува за слабости на пазарот на недвижности, пишува „Wall Street Journal“.
Купувањето на новоизградени семејни станови – мал дел од пазарот, се намалени за 5,3% во јуни на месечна основа до сезонски приспособеното ниво од 631.000, изјави Министерството за трговија. Анкетираните економисти очекуваат продажбата да падне на сезонско ниво од 669.000.
Податоците за продажба на нови домови може да варира од месец до месец. Падот од 5,3% во јуни беше објавен со статистичка грешка од 17,1 процентни поени. Севкупно, продажбата во првите шест месеци од 2018-та година се зголеми за 6,9% во однос на истиот период од минатата година.
Продажбата на нови домови достигнаа највисокото ниво по рецесијата во ноември, но оттогаш опаднаа и остануваат доста под високите нивоа пред финансиската криза и рецесијата во 2007-9-та година.
Податоците од јуни покажуваат разлика од последните трендови кон мал број на акции и рапидно растечките цени на куќите.
Резервите се зголемија малку, обезбедувајќи придонес за 5,7 месеци напред, што е највисоко ниво од минатото лето – потенцијален сигнал дека побарувачката од купувачите слабее. Просечно продажна цена на ново живеалиште во јуни била 302.100 долари, што е за 4,2% под цената од пред една година. Средната продажна цена неодамна достигна максимум од 335.400 долари во март и оттогаш падна.
Зголемувањето на хипотекарните стапки ја отежнува пристапноста. Просечната каматна стапка на 30-годишна хипотека за кретидт со фиксна каматна стапка била 4,57% во јуни во однос на 4,03% во јануари, посочува „Freddie Mac“. Сепак, каматните стапки остануваат далеку под нивоата во последниве децении.
Продажбата на постоечки домови кои претставуваат поголемиот дел од пазарот, се намалил за 2,2% во јуни на годишно ниво, соопшти Националната асоцијација на агентите на недвижности во понеделникот. Продажбата на станови со претходни сопственици се намали на годишна база во пет од првите шест месеци од 2018-та година.